„Иву Гајд“ е мини додаток за пенкало што лесно се закачува на пенкало или молив и го олеснува читањето и преведувањето странски јазици.
Мини уредот е дизајниран од Ши Јан, Сун Јиахао и Ли Ке. Според нив „Иву Гајд“ ги поттикнува корисниците да подвлекуваат делови од текстот и создава континуирано читателско искуство, објави сајтот „Машејбл“.
Додатокот за пенкало функционира така што ги скенира подвлечените зборови и бара превод за истите. Уредот има вграден ласерски проектор што истовремено на хартијата го покажува значењето на подвлечените зборови.
„Иву Гајд“ се полни преку додатк за УСБ.