Објавена е фотографија од еден од напаѓачите, кој подметна бомба на Бостонскиот маратон, а за кој моментално е покрената голема потрага во Бостон, како на момент пред експлозијата стои покрај осум-годишното момче кое беше една од трите жртви на нападот.
На сликата е заокружено момчето, напаѓачот и ранецот во кој била бомбата.
Како што пренесува БИ се уште нема потврда дека фотографијата е автентична, бидејќи често се прават и фотомонтажи.