Таткото на осомничените бостонски напаѓачи: Син ми Џохар е вистински ангел

Од:

Таткото на двајцата браќа осомничени за бомбашкиот напад во Бостон, Анзор Царнаев тврди дека неговиот син Џохар, кој се уште е на слобода, е паметно и образовано момче и е изненаден од вестите дека неговите синови се вмешани во ова злосторство.

Тој се јавил во агенцијата АП од градот Махачкала, во руската кавкаска Република Дагестан, откако американската полиција соопшти дека еден од неговите синови, 26-годишниот Тамерлан Царнаев е убиен, а по другиот 19-годишниот Џохар Царнаев се трага.

– Мојот син е вистински ангел. Џохар студент на втора година по медицина во САД. Тој е многу интелигентно момче. Го очекувавме да си дојде дома за празниците, изјавил таткото.

Телевизијата Си-Ен-Ен ја пренесе изјавата и на нивниот вујко Руслан, кој веќе десетина години живее во САД.

– Тие пораснаа во Киргистан, а пред седум-осум години дојдоа во Америка. Имавме семејни несогласувања па неколку години не бевме во контакт, но тоа утро ми се јави Тамерлан и побара од мене да му простам, раскажува Руслан.

Американските власти ги идентификуваа двајцата осомничени за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон.

Постариот брат Тамерлан загина синоќа во полициска акција во бостонското предградие Вотертаун, додека помладиот Џохар и понатаму е во бегство. Голем број специјалци се наоѓаат на улиците на Вотертаун, во предградието на Бостон, трагајќи по останатите осомничени.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он