Во Италија продолжува да се намалува бројот на смртните случаи од Ковид-19

Од:

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Италија се зголеми за 55, што е намалување во однос на вчерашниот кога изнесуваше 60, објави Агенцијата за цивилна заштита.

Бројот на новозаразени со Ковид-19 се зголеми за 318 во однос на вчерашниот ден, кога изнесуваше 178.

Вкупниот број на смртни случаи во Италија е 33.530, и земјата е на трето место во светот според оваа црна статистика после САД и Велика Британија.

Бројот на заразени со коронавирусот се искачи на вкупно 233.515, што е шести највисок број во светот.

Од 318 новозаразени, 187 се во северниот регион Ломбардија, кој беше најтешко погодено од епидемијата.

Од утре 02.06 во Италија ќе биде дозволено движење низ целата земја, поради што некои регионални гувернери се плашат дека луѓето од Ломбардија ќе заразат луѓе во други региони.

Од коронавирусот во Италија се излекувале вкупно 160.092 лица, а досега се тестирани 2,477 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски