Затворен дел од воздушниот простор над Бостон

Од:

Американската Федерална воздухопловна управа (ФАА) денеска го затвори за сообраќај воздушниот простор во должина од 11 километри над северозападниот дел на Бостон, каде во тек е полициска потрага по еден од двајцата осомничени за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон.

Забраната се однесува за летови на сите авиони под 914 метри височина.

Сообраќајот на бостонскиот аеродорм „Логан“ засега се одвива норманлно и нема никакви откажувања или доцнења на летовите поради забраната.

Полицијата трага по 19-годишниот Џохар Царнаев, кој е осомничен дека заедно со неговиот брат Тамерлан Царнаев (26) се извршители на нападот за време на Бостонскиот маратон. Тамерлан Царнаев денеска беше ранет при престрелка со полицијата во кампусот на Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ), по што подоцна во болница им подлегна на здобиените повреди.

Поради потрагата по Џохар Царнаев полицијата претходно целосно го запре јавниот транспорт во Бостон и реонот околу него.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он