Археолози пронајдоа траги од канабис во древен храм во Израел

Од:

Израелските археолози објавија дека пронашле остатоци од канабис на предмети од антички храм на југот од Израел, за кои сметаат дека се првите докази за употреба на халуциногени супстанции во древната еврејска религија.

Хемиска анализа на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим и Институтот Технион покажа дека едниот олтар содржи психоактивни состојки што ги има и во марихуаната, а во другиот имало темјан.

Како што се наведува, откритието во светилиштето од 8 век пр.н.е. во Тел Арад, на околу 60 километри јужно од Ерусалим, ги нуди првите докази за употреба на „супстанции што го менуваат умот, користени во обредите“ во најраните еврејски храм во таа околија.

Еран Ари, кустос во музејот во Израел и главен автор на трудот, откритието го нарече револуционерно и укажува на тоа како се одвивале богослужбите во храмовите во тоа време.

Јоси Гарфинккел, професор по археологија на Хебрејскиот универзитет, потсети и на сознанијата за употреба на вино на опиум во други делови на областа, за слични цели.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска