Многу Јужноафриканци застанаа во редици пред продавниците за алкохол, бидејќи продажбата на алкохол е повторно дозволена по двомесечна забрана поради пандемијата.
Во малиот град Макасар во близина на Кејптаун, луѓето застанале во редици пред продавниците за алкохолни пијалаци уште од 4:30 часот наутро, иако тие се отвораат во 9 часот, пренесува „Гардијан“.
Некои носеле пластични гајби за во нив да стават шишиња пиво и вино кои планирале да ги купат.
Во еден супермаркет во Јоханесбург, луѓето почнале да скандираат кога биле тргнати завесите полиците со вино за да се овозможи продажба.
Полиците со популарните брендови на алкохол биле испразнети во рок од два часа во една продавница во богато предградие на Јоханесбург.
Алкохолот може да се продава само од понеделник до четврток помеѓу 9 часот и 17 часот, согласно новите олеснети мерки.
Јужна Африка пријави над 32.000 случаи на Ковид-19, и повеќе од 600 смртни случаи, а експертите предупредуваат дека врвот на епидемијата не се очекува пред август или септември.