Рамафоса: Кина ветила 30 милиони тестови месечно за африканските држави

Од:

Јужноафриканскиот претседател и претседавач со Африканската унија, Сирил Рамафоса, изјави дека Кина ветила дека обезбеди 30 милиони тестови месечно за Ковид-19 за африканските земји кои се соочуваат со недостаток од тестови.

Рамафоса кажа дека кинескиот претседател Си Џинпинг најавил дека земјата, покрај тестовите, на месечно ниво ќе обезбедува и 10.000 респиратори и 80 милиони заштитни маски за загрозените африкански земји, пренесуваат американските медиуми.

Американската медиуми додаваат дека Рамафоса не прецизирал дали опремата ќе биде донирана или продадена во африканските земји.

Јужна Африка, како земја со најголем број пациенти и смртни случаи од последиците од Ковид-19, се соочува со недостаток на опрема за борба против коронавирусот, додаваат американските медиуми.

Од почетокот на пандемијата, во оваа земја се регистрирани 30.967 заразени лица, а 643 умреле од последици на коронавирусот.

Сите африкански земји се соочуваат со недостаток на опрема за борба против коронавирусот, затоа што не можеле да се справат со многу побогатите земји во светот на глобалниот пазар.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени