Еден осомничен за бомбашките напади во Бостон за време на маратонот е уапсен, објави весникот Бостон глоуб повикувајќи се на изјави на неименуван извор близок до истрагата.
Вториот осомничен за нападот е на слобода во Ватертаун по престрелка со полицијата. Според медиумот, во моментот се извршува потера по него заради што е затворена област од околу дваесет блока.
– Сцена на хаос е во Кембриџ и Ватертаун од синоќа откако полицијата соопшти дека е убиен еден полицаец во кампусот на престижниот МИТ универзитет и најверојатно кражба на автомобил ја насочила полицијата на истрага во Ватертаун, наведува весникот на својата интернет-страница.
Сведоци во Ватертаун тврдат дека слушнале експлозии. Во Ватертаун истрагата ја презеде ФБИ.