Ал каеда во исламски Магреб – северноафриканскиот клон на терористичката мрежа, упати закани кон сите земји, кои учествуваат во француската воена операција во Мали.
Групата предупреди дека „ниту еден од учесниците во тој брутален напад врз нашите луѓе во северно Мали не е сигурен“.
Ал каеда во исламски Магреб прими писмени прашања од новинари во меѓународни медиуми и вчера објави документ од 28 страници, во кои одговара на прашањата на англиски јазик.
Таа држи неколкумина Французи за заложници во пустината и истакнува дека нивната судбина сега е во рацете на францускиот претседател Франсоа Оланд.
Групата не одговара на прашања колку жртви дала од почетокот на француската воена операција во Мали во јануари.