Улица, плоштад или дом на културата во Сараево ќе го носи името „Тоше Проески“, а оваа одлука заеднички ја донесоа градоначалникот на Сараево и амбасадорот на Македонија во Босна и Херцеговина.
Македонскиот амбасадор Рами Реџепи ја покренал иницијативата на состанок со градоначалникот на Сараево Иво Комшиќ, кој го поддржал предлогот, истакнувајќи дека трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески бил хуманист и пријател на Сараево.
Комшиќ и Реџепи разговарале за меѓусебната соработка, планови за развој на Сараево и Скопје, како и развој на пријателските односи меѓу главните градови на Босна и Македонија, соопштија од управата на Сараево, пренесе „Дневни Аваз“.