Шпанските клубови должат 670 милиони евра за данок

Од:

Советот за спорт на шпанската Влада денеска соопшти дека фудбалските клубови на име данок вкупно должат 670 милиони евра.

Претседателот на Советот Мигел Карденал изјави дека таа е помала сума во однос на минатата година, кога долгот изнесуваше околу 750 милиони евра.

– Ова намалување е позитивен податок кој може сите да не радува, истакна Карденал.

Неколку шпански фудбалски клубови поради големите долгови отидоа во стечај, а последниот од нив беше Депортиво од Ла Коруња во јануари.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата