Филе: Ги почитуваме напорите на српската влада во дијалогот

Од:

Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе изјави дека Советот на Европската унија ги почитува напорите кои што ги прави владата на Србија и тие треба да продолжат со дијалогот со Приштина.

-Премиерите на Косово и Србија се сретнаа осум пати. Забележлива е длабока промена во пристапот на односите која мора да продолжи –истакна Филе на седницата на Европскиот парламент.

Тој нагласи дека ги поздравува чекорите кои што ги прави Србија за нормализација на односите со своите соседи, особено со Хрватска и БиХ.

-Најважно на европскиот пат на Србија е да креираме нова динамика на односите на Србија и ЕУ, поради тоа сметам дека владата на Србија успешно ќе го заврши овој пат-истакна тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата