Новиот документ кој е понуден на српската и косовската страна е далеку подабар за Србија. Четирите српски општини ќе имаат локални полициски командири.
Предвиден е окружен суд во Косовска Митровица, а Србија треба да се изјасни во следните неколку дена.
На заедницата на српски општини нема да може да и се придодаваат нови локални единици, а тоа значи дека полицијата ќе биде составена од Срби. Локалните полициски командири би требало да ги имаат и општините јужно од Ибар во кои Србите се мнозинство.
За примена на договорот доколку се согласи и премиерот на Косово, Мендух Тачи, ќе се бараат гаранции од НАТО и се очекува средба на српските официјални лица со генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен.
НАТО треба да гарантира дека воојската на Косово нема да смее да стапне на северот на Косово.
Ингеренциите на заедниците на српските општини се однесуваат и на дел од образовниот систем, како и во просторното планирање и економскиот развој.
Со ова се исполнети најголем дел од барањата на Србија.