Дијалогот помеѓу потпретседателот на владата на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Хашим Тачи околу 20 часото е прекинат поради вербален судир, пишува „Блиц“.
До судирот дошло во текот на расправите за предлозите. Ова денес е втор прекина на разговорот и втората пауза.
Претходно дијалогот беше прекинат поради незадоволството на косовскиот премиер за понудата која што ја изнесе високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон. Се очекува разговорот да продолжи во 22 часот.
Елена Георгиевска