Американската телевизија CNN ја демантираше својата вест дека Федерално истражно биро (ФБИ) го открила идентитетот на лицето кое оставило ранец со бомба на бостонскиот маратон и дека осомничениот е уапсен.
CNN повикувајќи се на три различни извори јави дека не е откриен идентитетот на напаѓачот и оти никој не е уапсен.
Телевизијата наведе дека ФБИ само има фотографии и видео-снимки од местото на инцидентот.
ФБИ најави прес-конференција за пет часот по локално време.
Во бомбашкиот напад во Бостон во понеделникот загинаа три лица, а повеќе од 180 се повредени, од кои 17 се во критична здравствена состојба.