CNN јави дека FBI го открил идентитетот на терористот кој го остави ранецот со бомба на бостонскиот маратон!
ФБИ користејќи ги видео снимките во потполност идентификувал за кого станува збор, а осомничениот терорист веќе е уапсен.
– На снимката се гледа едно лице како доаѓа и остава пакет, после што се оддалечува – пренесува телевизијата.
ФБИ најави конференција за новинарите во пет часот попладне по локално време на американскиот источен брег, односно околу 23 часот по европско време.