Научници клонираа свиња отпорна на болести

Од:

Експерти од институтот Рослин во Единбург, шкотска лабараборија која пред 17 години ја создаде овцата Доли – првото клонирано животно во светот, успеаа да добијат генетски модифицирана свиња, отпорна на сите болести.

Со ова е овозможено за кусо време да се обезбеди производство на животни чие месо, млеко и јајца нема да пренесуваат никакви опасни патологии врз луѓето.

Во своето соопштение, истражувачите наведуваат дека за добивање на овие свињи наречени „пиг 26“, користена е „чиста“ техника, без употреба на гени отпорни на антибиотици, кои противниците на GMO најмногу ги критикуваа.

Научниците исто така, истакнуваат дека оваа техника десет пати е побрза и поефикасна од клонирањето.

– Ако не се знае начинот на кој животното е произведно, не е можно да се забележи дека е направена мутација, истакна шефот на лабораторијата, Брус Вајтло.

„Пиг 26“, родена минатиот август, настана со генетски инженеринг со голем број мутации на ДНК – бришење на еден од три милијарди хемиски „букви“ на нејзиниот целокупен геном.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он