Косовскиот премиер Хашим Тачи изрази надеж дека ќе биде постигнат договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, што е од заемен интерес, истакнувајќи дека Приштина направила компромис со прифаќањето на планот на Марти Ахтисари.
Пред да отпатува за Брисел на денешната средба со премиерот на Србија Ивица Дачиќ, Тачи на приштинскиот аеродром изјави дека договорот ќе претставува крај на вековниот конфликт меѓу двете земји и ќе придонесе за нормализирање на добрососедските односи.
Премиерот на Косово нагласи дека евентуалниот договор со Србија ќе биде во целосна согласност со Уставот, законите и интересите на Косово и во согласност со највисоките европски стандарди.