Конзервативната партија, кој е дел од владејачката коалиција во Романија, подготви законска иницијатива со која се предвидува можност бабата и дедото на дете, кое има две или три години, да добиваат месечен паричен надомест за грижа на внучето, додека родителите му се на работа, пишува весникот „Романија либера“.
Паричната помош е во износ од една минимална плата во земјата, која од 1. февруари е 170 евра.
Конзервативната партија објаснува дека ваквиот предлог има за цел да го зголеми наталитетот и да ги натера младите семејства да имаат деца.
Фондот за население на ОН претходно предупреди дека романската нација се повеќе старее.
Друг аргумент, кој оди во корист на овој предлог, е фактот дека државните градинки во Романија не ги задоволуваат потребните услови, додека приватните претставуваат голем финансиски товар за повеќето семејства.