Изградбата на пат до Крушевско Езеро е во завршна фаза и по асфалтирањето се работи на тротоарите.
„Од кал и прашина создаваме асфалт и полесен пристап за граѓаните до едно од најубавите места во Крушево Крушевското Езеро. Сега патот е пристапен за земјоделците кои во овој предел имаат свои оработливи површини, потоа со овој пат се олеснува движењето на лицата со посебни потребни, спортисти и организациите на фестивалите на отворено“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.
Асфалтирањето на патот до Крушевско Езеро и уредувањето на овој простор изнесува 11 981 547 денари и истиот е финансиран од Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој, информира Општина Крушево.