Од денеска е активен онлајн туристички водич „Викенд во Крушево“, што е уште една алатка за туристичка промоција на Крушево.
Од крушевската локална самоуправа објаснуваат дека оваа веб-платформа е со цел да ја подобри промоцијата и да се помогне угостителскиот сектор, особено во овие периоди кога, поради кризата, секторот е најмногу оштетен.
Платформата е создадена и раководена од група млади луѓе од Крушево со поддршка на општината и на Мировниот корпус во Република Северна Македонија.