Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјави дека се надева на договор за нормализација на односите на Косово и Србија, што е во интерес на двете држави и истакна дека Косово направи копромис за прифаќање на Ахтисариевиот план.
Тачи изјави дека постигнување на договор би значело крај на вековниот судир помеѓу двете држави и ќе допринесе за нормализација на добрососедските односи.
Тој наведе дека договорот кој ќе биде постигнат со Србија, ќе биде во согласност со Уставот, законите и интересите на Косово, но и во согласност со европските стандарди.
Премиерот на Косово повтори дека условите за постигнување на договор се расформирање на паралелните безбедносни структури на северот на Косово, формирање на асоцијација на општините со српско мнозинство без извршни и законодавни овластувања, како и слободни избори.
-Верувам дека ќе започне нова епоха во нашите односи, додека на Косово ќе му се отвори пат кон европските интеграции и членството во ОН-наведе Тачи.
Денес во Брисел беше објавено дека премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и премиерот на Косово, Хашим Тачи утре ќе ги продолжат преговорите за постигнување на можно решение.
Елена Георгиевска