(ВИДЕО) Јоаникие и свештениците на слобода: Имавме мало несогласување со власта

Од:

Епископот Будимско-никшиќки Јоаникие и осум свештеници на Митрополијата Црногорско-приморска ноќеска, по полноќ, се ослободени од притвор, соопшти Митрополијата на својата интернет страница.

По неговото ослободување, владиката Јоаникие дојде пред насобраните граѓани пред зградата на обвинителството, кои го поздравија со паролите „да живее епископот“, „не ги даваме светилиштата“.

„Мораме да бидеме реални. Мора да се живее од нешто. Се чудам на нашите власти, како единствен проблем да им е верата и црквата. Жал ми е за нив, повремено водат борба со Његош, а сега почнаа и со Свети Василиј“, кажа Јоаникие.

Епископот пред насобраните кажа дека нивната поддршка е израз на љубовта кон црквата, а МЦП целиот настан од Никшиќ го пренесуваше во живо на својата веб страница.

„Оваа ваша поддршка е продолжување на нашата борба. Имавме мало несогласување со оваа власт. Сфатија колку значи Свети Василиј за овој град“, рече Јоаникие.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија