Италијанската Влада одобри пакет помош од 55 милијарди евра

Од:

Италијанската Влада по неколку недели преговори, одобри мерки во вредност од 55 милијарди евра за зајакнување на економијата, соочена со сериозни последици од блокадата која беше воведена поради Ковид-19.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ова го соопшти доцна синоќа на прес конференција по средбата со министрите за новите мерки, по тензиите во владејачката коалиција што доведоа до одложување на донесување на декретот, кој првично беше наречен „априлски“.

Пакетот помош вклучува итни мерки за приходи, средства за компании и намалување на даноците, како и неповратни средства за мали и средни претпријатија.

Конте соопшти дека 26 милијарди евра се наменети за вработените, хонорарците и невработените , меѓу 15 и 16 милијарди за компаниите и 3,25 милијарди евра за здравството.

Пакетот помош вклучува средства за туризам, култура и земјоделство, сектори кои се многу тешко погодени од кризата.

Европската комисија соопшти дека Италија треба да се подготви за сериозен економски пад затоа што бруто домашниот производ ќе падне за речиси 10 проценти.

Италија беше првата европска земја што воведе драстични мерки за карантин на целата територија на почетокот на март, а од 4 мај постепено излегува од блокадата со започнување деловни активности.

Ковид-19 предизвика двомесечна блокада на Италија, а од болеста починаа повеќе од 31.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски