ВИДЕО: Во судири со верниците во Никшиќ повредени 22 полицајци, настаните во Црна Гора во сите светски агенции

Од:

Во синоќешните немири на улиците на црногорскиот град Никшиќ повредени се 22 полицајци, откако граѓанитете на протестен марш побараа ослободување од притвор на српскиот епископ Јоаникије, пренесува црногорскиот весник „Вијести“.

Станува збор за полесни повреди на полицјаците и сите добиле лекарска помош, за весникот изјавија од раководството на Полициската управа.

Во Никшиќ синоќа полицијата фрли солзавец и употреби шок бомба за време на протестниот марш, додека граѓаните фрлаа камења врз полицијата и извикуваа „усташи“, пренесува Вијести.

Полицијата уапси голем број граѓани, меѓу кои и новинар на „Вечерње новости“.

За настаните во Никшиќ, но и цела Црна Гора, каде се приведени свештеници на СПЦ и владиката Јоанакије, од синоќа интензивно јавуваат и сите поголеми светски агенции. Британската агенција Ројтерс и американската агенција АП известуваат дека протестите следат по неколкуте месеци на тензии околу донесувањето на законот за верски слободи.

Американскките медиуми јавуваат дека притворите на свештенството ги зголемија тензиите меѓу малата земја членка на НАТО, од една, и Србија и Српската православна црква, од друга страна, која со недели протестира против религиозниот закон за кој тие велат дека ќе ја лиши црквата од нејзиниот имот. Црногорските власти во неколку наврати ги негираа обвинувањата.

Британската агенција, исто така, забележува дека протестите во Никшиќ се последица на неколкумесечните тензии меѓу СПЦ и црногорската Влада околу законот што, наводно, може да и го заплени имотот на СПЦ.

Ројтерс, исто така, потсетува дека Српската православна црква е најголемата христијанска заедница во Црна Гора, земја со 620.000 жители, членки на НАТО и кандидати за влез во ЕУ. Српската православна црква има околу 12 милиони следбеници, претежно во Србија, Босна и Црна Гора, јавува агенцијата.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија