ФБИ предупредува за кинески хакери кои се обидуваат да крадат истражувања за вакцина за Ковид-19

Од:

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и Министерството за внатрешна безбедност предупредија дека хакери поддржани од кинеската Влада можеби се обидуваат да украдат анализи на американските истражувачи за развој на вакцина и лекови за новиот коронавирус.

Двете агенции издадоа предупредување за потенцијална закана.

Тие издадоа слично предупредување на почетокот од овој месец.

Во заедничката изјава се вели дека напорите на Кина претставуваат „значајна закана“ за здравствениот, фармацевтскиот и истражувачкиот сектор.

„Обидите на Кина да се фокусира на тие сектори претставува сериозна закана за одговорот на нашата земја на Ковид-19“, се вели во соопштението.

Хакерите, но и истражувачи и студенти, според американската администрација се активни во кражба на информации во рамките на универзитетските институти и јавните лаборатории каде што работат.

ФБИ и Агенцијата за кибер безбедност соопштија дека ќе ги објават техничките детали за заканата во наредните денови и побарале од организациите да пријават каква било сомнителна активност.

Би можело да ве интересира

NBC News: Директорот на ФБИ се подготвува да биде сменет во новата администрација на Трамп

ФБИ уапси две лица во Мичиген поради смртни закани кон Трамп

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

ФБИ изврши претрес во домовите на двајца Американци поврзани со руски државни медиуми

Горан Наумовски

ФБИ доби дојава: Можна одмазда за обидот за атентат врз Трамп

ФБИ објави нови детали за обидот за атентат врз Трамп