Вучиќ и Иринеј загрижени поради апсењето на владици и свештеници во Црна Гора

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ и патријархот на СПЦ Иринеј денеска изразија „голема загриженост по повод апсењето на владиката Јоаникије и свештениците на СПЦ во Црна Гора“ и изразија надеж дека Србите ќе постапат мирно во „моментите кога никој разумен не посакува какви било немири и судири“, соопштија од кабинетот на српскиот претседател.

Како штои јави дописникот на МИА од Белград, Иринеј во телефонскиот разговор со Вучиќ, оценил дека „црногорската држава спроведува прогон кон Српската Православна Црква“, додека српскиот претседател „дал полна подршка на СПЦ во Црна Гора, во напорите сите проблеми да се решаваат со дијалог, на мирен начин и со уважување кон СПЦ.“

Вучиќ изразил уверување дека епископот Јоаникије и другите уапсени свештеници ќе бидат ослободени што е можно поскоро.

На епископот Јоаникије одреден му е притвор до 72 часа по рочиштето во Основното јавно обвинителство во Никшиќ заради литургијата во тој град, во која се собраа неколку илјади граѓани, а која се одржа и покрај забраната за јавни собири во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски