Научници направиле прв вештачки бубрег

Од:

Американски научници соопштија вчера дека првпат во лабораторија направиле вештачки бубрег, дека успешно го пресадиле на животни и дека почнал да произведува урина.

Слични техники на создавање едноставни вештачки делови на телото веќе се користат на пациентите. Меѓутоа, бубрегот досега е прв од најкомплицираните органи кои научниците успеале да ги направат во лабораториски услови.

Во истражувањето, објавено во списанието „Природна Медицина“, се истакнува дека вештачките бубрези не се толку ефикасни како природните, но истражувачите на регенеративната медицина веруваат дека оваа област има огромен потенцијал.

Бубрезите филтрираат крв, со цел преку неа да ги отстранат отпадните материи и вишокот на вода. Тоа се и најбараните органи за пресадување, со долги листи на чекање.

Во оваа техника, научниците го користат стариот бубрег кој го чистат од сите стари клетки за да добијат калап сличен на кошница за пчели. Потоа бубрегот се реконструира од клетки земени од пациентите.

Овие вештачки бубрези се дело на истражувачите од Општата болница на Масачусетс.

Научниците извадиле бубрег од глушец и од него ги исчистиле сите стари клетки. Добиле мрежа од протеини, соодветен калап кој според својот облик наликува на бобрег и содржи мрежа од крвни садови и цевчиња за дренажа. Потоа се вбризгани нови клетки кои се поврзале за калапот и на тој начин бубрегот е реконструиран.

Лабораториските тестирања покажале дека во споредба со природниот, вештачкиот бубрег е во состојба да произведува 23 отсто урина. По трансплантацијата на глувците, производството на урина се намалило на само пет отсто.

– Работата на бубрегот од 10 до 15 отсто веќе овозможува пациентот да биде независен од хемодијализа, изјави лидерот на истражувачкиот тим Харалд От.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он