Возниацки: Серена ми понуди да го одложам „пензионирањето“ и да играм до крајот на сезоната само во парови

Од:

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Каролина Возниацки, која ја заврши кариерата оваа година, го коментираше нејзиниот настап со Серена Вилијамс на турнирот во двојки во Окленд.

– Беше еден од најзабавните турнири во мојата кариера. Разговаравме многу, и јас заклучив дека требаше да играме заедно многу порано. Таа дури ми предложи да го одложам крајот на професионалната кариера и да играм до крајот на сезоната, само во парови. Сепак, нема да тренирам само за игра во двојки, изјави Возниацки.

Данската тенисерка исто така раскажа што сака да направи следно.

– Сè уште не знам. Мислам дека ќе работам на телевизија подоцна. Но, да тренирам не е приоритет за мене. Знам што да правам, но тешко ми е да го соопштам ова на другите, затоа што губам трпеливост, додаде Возниацки.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех