Баша ја отфрли поканата на Рама за средба во поширок состав и ја нарече лицемерна

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша ја отфрли поканата на премиерот Еди Рама за одржување средба во поширок состав на која би разговарале за европската интеграција на земјата.

Во реакција на Фејсбук, Баша поканата на премиерот Рама ја нарече лицемерна, обвинувајќи го дека „не успеал во интеграцијата, па сега сака да се маскира со лицемерни покани“.

Според главниот опозициски лидер, „тоа се неуспесите на Рама кои секојдневно ги осиромашуваат луѓето, ја уништуваат економијата и ја оддалечуваат земјата од Европа“.

„Еди Рама и неговата Влада ја држат како заложник европската интеграција на Албанија и поради него во текот на овие години условите се зголемија од пет на девет и сега има 15 кои мора да бидат исполнети. Ова е неуспех на Рама, кој не може да се маскира зад лицемерни повици“, напиша Баша.

Неговата реакција доаѓа откако премиерот Еди Рама рече дека за да се исполнат дадените услови од земјите на ЕУ неопходен е политички и институционален консензус.

Рама искажа подготвеност да седне на средба со шефот на државата, лидерот на опозицијата и претставници на други институции „за да се реализираат реформите кои ги бара ЕУ со цел забрзување на патот до европското семејство“.

„Ние сме подготвени да седнеме на широка маса со претседателот, опозицискиот лидер и сите други актери што ги претставуваат независните институции. На средба на која ќе ја изразиме нашата заедничка волја, не да побараме од другите да ја завршат нашата работа како влада, ниту да им наметнуваме на другите што да прават, туку да дадат силна порака за национално единство во овој процес“, порача Рама.

Албанија треба да исполни 15 услови почнувајќи од усвојување на изборната реформа, враќање во функција на Уставниот суд, конкретни резултати во борбата против организираниот криминал.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија