Можен е втор бран на зараза со Ковид-19 во Италија

Од:

Италијански експерти предупредуваат дека по излезот на Италија од првиот воведен карантин во Европа, би можело да се случи и втор бран на зараза со коронавирус.

Тие повикуваат на зголемени напори за утврдување на новозаразени, да се следат нивните симптоми и контактите.

Доктор Силвио Брузаферо, претседател на Вишиот институт за здравство,  ја извести комисијата при Сенатот во врска со следната фаза на пандемијата на новиот коронавирус во Италија.

Тој им се придружи на експертите, откако вчера 4,4 милиони Италијанци се вратија на работа и беа олеснети ограничувањата за движење првпат во два месеца.

Според него, клучот за одржување на епидемијата под контрола се наоѓа во раната изолација на лица со сомнителна инфекција, извршување на повеќе тестови и ставање во карантин на нивните блиски контакти.

Тој вели дека ќе бидат потребни „огромни инвестиции“ од ресурси за обука на медицинскиот персонал, кој ќе ги набљудува можните нови случаи.

Брузаферо додава дека сите телефонски апликации, кои помагаат за следење на контактите, не можат да го заменат човечкиот фактор.

Шефот на одделот за инфективни заболувања при Институтот за здравство, д-р Џовани Реца изјави дека претстојните недели се главно „експеримент“, за да се види како ќе влијае карантинското олеснување и обновувањето на економската активност врз кривата на ширењето на заразата.

– Сè уште не сме ја победиле епидемијата. Се уште се бориме против неа. Не сакам луѓето да мислат дека повеќе не постои ризик и дека сме вратени во нормала, истакна Реца.

Според експерти, вториот бран на заразата би можел да го погоди конкретно јужниот дел на Италија, каде досега не се потврдени многу случаи на заболени со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија