Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај денес отпатува во официјална посета на Германија, по повик на министерот за надворешни работи на Германија, Гид Вестервел.
-Во текот на посетата во Германија, Хоџај ќе се сретне со министерот Вестервел, со кој ќе разговара за меѓународните движења кои што се однесуваат на Косово, продлабочување на соработката помеѓу двете држави и за други значајни процеси, но и за интеграциите на Косово во ЕУ –се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Косово.
Тој во текот на посетата ќе разговара и со други високи официјални лица, кои даваат голем придонес во унапредување на процесот за независноста на Косово.
-Во текот на средбата министерот ќе продолжи да бара целосна поддршка од Германија – пишува во соопштението.
Елена Георгиевска