Сослушувањето на Асанж ќе продолжи во септември

Од:

Судот во Лондон соопшти дека сослушувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ќе продолжи во септември, откако беше одложено поради пандемијата со коронавирус.

На сослушувањето во Вестминстерскиот суд, што новинарите можеа да го следат преку екрани, договорено е процесот да продолжи во септември, а датумот и местото дополнително ќе бидат соопштени.

Асанж не присуствуваше на денешното сослушување.

Тој е во затворот Белмарш, а според неговите адвокати, тој не се чувствувал добро.

Партнерката и адвокатка на Асанж, Стела Морис, изјави дека неговиот живот е во опасност поради Ковид-19.

Асанж е обвинет во САД поради наводно хакирање на владините компјутери и шпионажа.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори