Постои можност за постигнување договор помеѓу Белград и Приштина за спорните прашања, а наредната недела ќе биде клучна за тоа, смета политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор во Берлин, Огњен Прибичевиќ.
-Мислам дека и покрај тоа што преговорите завршија, се уште постои можност. Сведоци сме дека и во минатото се случуваа договори пред т.н „Ден Д“, така што има сосема доволно време и мислам дека оваа недела пред нас е клучна. Очекуваме дијалогот да продолжи – изјави тој.
Според него постои можност за постигнување договор, а тоа е во интерес на Белград, Приштина но и САД и ЕУ.
-Сите страни имаат интерес што поскоро да се постигне договор – смета Прибичевиќ.
Елена Георгиевска