Косовските полицајци на четворица свои колеги им ставиле лисици на рацете, под обвиниение недозволена трговија со разна стока и други кривични дела.
Покрај полицајците уапсени се и други четири други лица.Полицијата потврди дека уапените се товарат за повеќе кривични дела и оти полициската акција била реализирана во неколку косовски градови.
Директор за истрага против економски криминал и корупција, мајор Шаип Хаволи, изјави дека полициската акција почнала во петокот вечерта.
– Контролиравме десет локации во регионот на Приштина, на Пеќ, на Призрен и на Косовска Митровица. Уапсивме осум лица, четворица од нив се припадници на косовската полиција, изјави Хаволи.