Анкета: Италијанците на Денот на трудот во страв од губење работно место

Од:

Во Италија, половина од вработените стравуваат дека ќе изгубат работа поради пандемијата на Кови-19, а 62 проценти се убедени дека бројот на невработени во земјата ќе се зголеми во наредните месеци, се вели во студијата објавена денеска на Меѓународниот ден на трудот.

Анкетата на Сенсис-УГЛ покажа дека 57,1 отсто од Италијанците се песимисти во врска со иднината, 25,5 отсто се оптимисти, додека 17,4 отсто се уште немаат јасен став за тоа.

Околу 70 проценти велат дека соработката на Италија со Европската унија во борбата против вирусот е несоодветна, според Ценис, кој обработувал податоци за Евробарометарот за март и април, периодични студии на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија