Најмалку 160 лица во пошироката територија на Милано и 1.200 лица низ Ломбардија биле во контакт со Ковид-19 околу 26 јануари, неколку недели пред да се открие првиот случај на коронавирус, покажа анализата на работна група од тој италијански регион.
Вирусот циркулирал во Милано кон крајот на јануари, односно 26 дена пред да биде откриен првиот позитивен случај во Кодоња, на 21 февруари, пишува италијанскиот весник „Кориере дел Сера“, повикувајќи се на резултатите од анализата на работната група од Ломбардија.
Регионалната анализа направена врз основа на појавата на симптомите покажа дека кон крајот на јануари вирусот почнал да се шири во Милано, првично помешан со симптоми на грип.
„Нулта денот“ се врти околу 26 јануари и голема е веројатноста тој ден само во Милано да имало 46 случаи позитивни на Ковид-19, а 543 во цела Ломбардија.