Првата жена на која во Турција и е успешно пресадена матка од почината жена е бремена, објави денеска Универзитетската
болница „Акдениз“ во Анталија.
Дерја Серт (22) е родена без матка, а органот и беше пресаден во август 2011 година.
Таа по третманот за вонтелесно оплодување забремени и е во добра здравствена состојба.
Во светот без матка се раѓа едно на 5.000 женски деца, додека илјадници жени го отстрануваат овој орган порад рак или друга болест, поради што не можат да станат мајки.
Во септември шведските лекари први во светот извршија две трансплантации на матка од мајка на ќерка.
На двете жени матките им се пресадени во триесетите години.