Ксиаоми МИ-2С кинески одговор за Самсунг Галакси С4

Од:

Кинескиот производител на телефони Ксиаоми го претстави најновиот модел МИ-2С за кој тврди дека е побрз од Самсунг Галакси С4.

Ксиаоми МИ-2С поседува квад кор Краит 300 процесор на 1,7 гигахерци, а според податоците од тестовите извршени од компанијата е побрз од Галакси С4, кој поседува 1,9 гигахерци Краит 300 процесор.

Новиот телефон е достапен во две верзии, едната со 32 ГБ меморија и камера од 13 мегапиксели по цена од 370 евра и другата со 16 ГБ меморија и камера од 8 мегапиксели по цена од 320 евра.

МИ-2С има 4,3 инчен екран со 720 пиксели, оперативен систем базиран на Андроид 4.1, 2 ГБ РАМ и батерија од 2.000 мили Ампер часа.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска