„Индепендент“: Додека Авганистан назадува, талибанските лидери удобно живеат во Катар

Од:

Авганистан не е единственото место на планетата, кое како своја специјалност ја има деградацијата, наместо да се залага за развој, но е еден од најдраматичните примери, се наведува во статијата на британскиот весник „Индепендент“.

Веќе две години високи талибански претставници „се мотаат“ во главниот град на Катар, Доха, чекајќи ја Владата на претседателот Барак Обама да го исполни ветувањето за преговори.

– Тие луѓе не се кои било – највисокиот претставник е Тајаб Ага, портпарол на мулата Мохамед Омар, основачот на талибанското движење, додава весникот.

Во самиот Авганистан сепак талибанците пројавуваат слаб интерес за мирот. Најнова потврда за тоа е нападот врз суд во близина на иранската граница пред неколку дена, во кој беа убиени 46 лица, вклучувајќи судии, адвокати и сите напаѓачи, а по осумчасовните судири комплексот беше претворен во урнатини.

Различни претставници на талибанците ги нудеа своите услуги во преговорите, но според американски дипломат „најветувачки бил патот преку Доха“.

– Но засега патот не води никаде. Талибанците едноставно си живеат таму, добро се хранат, водат луксузни автомобили и прават бебиња, изјави авганстански дипломат во градот за весникот.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан