Фејсбук воведе нови „грижливи“ емотикони во времето на коронавирусот

Од:

Пандемијата на коронавирусот натера милиони луѓе поголемиот дел од своето време да ги поминуваат во „четири ѕида“, па комуникацијата со најблиските луѓе се префрли на интернет.

Имајќи го тоа предвид, Фејсбук воведе нови емотикони за да им помогне на луѓето на оние со кои комуницираат преку социјалните мрежи, полесно да им покажат колку се грижат едни за други.

Десктоп сајтот на Фејсбук и мобилната апликација, покрај познатите доби уште едно смајли кое прегрнува срце. Корисниците на ФБ месинџерот на располагање имаат уште едно виолетово срце кое чука.

– Сфативме дека ове време е прилично несигурно и поради тоа сакавме на луѓето да им дадеме можност да ја искажат својата поддршка кон пријателите и семејството, порачуваат од Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он