Во УЕФА Европа лигата, второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување на „Стариот континент“, вечерва ќе бидат одиграни реваншите од четвртфиналната фаза.
Екипата на Фенербахче е во најповолна ситуација, бидејќи на гостувањето во Рим кај Лацио патува со предност од 2:0 по првиот дуел одигран во Истанбул.
Предност од два гола, но и примен гол на домашен терен имаат Челзи и Бенфика кои во дуелите со Рубин Казан и Њукасл славеа со идентични 3:1. Најнеизвесно се очекува да биде на дуелот меѓу Базел и Тотенхем, откако првата средба на овие две екипи во Лондон заврши без победник 2:2, па фаворизираниот англиски тим е во ситуација без својот најдобар играч Герет Бејл да брка победа.
Двојки и саатница: Рубин Казан – Челзи (18 часот), Базел – Тотенхем (21:05), Лацио – Фенербахче (21:05) и Њукасл – Бенфика (21:05).