Во Италија пораст на семејното насилство до 74 отсто

Од:

Во Италија 2.867 жени од почетокот на карантинот поради пандемијата на Ковид-19 се обратиле во центрите за борба против насилство во семејството, што е пораст од 74,5 отсто во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Мрежата центри за борба против насилство (ДиРе).

– Овој број покажува колку околностите кога семејството е принудено да биде затворено уште повеќе го зголемуваат насилството што жените го доживуваат дома, вели Псаоли Сдао од Мрежата ДиРе.

Експертите изразуваат загриженост за опаѓањето на новите барања за заштита, кои сега се само 28 отсто од вкупниот број, во споредба со просекот од 78 отсто минатата година.

Падот на барањата за помош и заштита не е позитивен показател за падот на насилството, бидејќи насилството не се намалува, туку станува збор дека многу жени кои првпат се изложени на насилство дома не знаат како да контактираат со центрите за заштита.

Светската здравствена заштита наведува дека насилството над жените и натаму е еден од главните глобални проблеми и се зголемува во период на која било вонредна состојба, вклучувајќи ја и пандемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија