Сирија главна тема на дводневниот состанок на Г8 во Лондон

Од:

Сирија ќе биде главна тема на дводневниот собир на министрите за надворешните работи на земјите од Г8 во Лондон, во обид да се пронајде заеднички јазик за ставање крај на повеќемесечните крави судири во блискоисточната земја.

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска со министрите на другите земји од Г8 ќе ги продолжи разговорите, откако сириските бунтовници повторно апелираа да добијат оружје за борба против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Вчера беа водени преговори со припадниците на сириската Национална опозициска коалиција и новоизбраниот премиер на бунтовниците Хасан Хита, а САД ги разгледуваат начините за зајакнување на помошта на сириските бунтовници.

Меѓутоа дискусијата во Сирија за Лондон, ќе биде во сенка на вчерашната изјава на сирискиот џихадистички фронт Ал Нусра, кој вети верност на лидерот на Ал Каеда Ајман ал Завахири, што ги зголеми стравовите на Западот поврзани со намерите да се вооружаат бунтовниците.

Во Лондон и вчера и денеска се одржува состанок на Г8, со кој претседава британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг и на кој присуствуваат министрите за надворешни работи на САД, Русија, Јапонија, Канада, Франција, Германија и Италија.

Освен Сирија, теми на состанокот се и Иран, Северна Кореја, безбедноста и стабилноста во северна и западна Африка и климатските промени.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка