Сопственикот на Далас предлага промена на драфтот во НБА

Од:

Сопственикот на Далас, Марк Кубан, предложи промена на драфтот во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.

– Би сакал да го проширам бројот на рунди во драфтот од две на три или на четири. Треба да им дадеме повеќе можности на младите кошаркари. Да го зголемиме бројот на рунди и момците ќе имаат повеќе места во лигата. Покрај тоа, зошто да не дозволиме оние што не се избрани да можат да се вратат на универзитет? – изјави Кубан.

Драфтот во НБА е годишен процес за избор на нови кошаркари од страна на триесет лига клубови. Најчесто станува збор за дипломирани студенти на американските универзитети, но меѓу нив има и претставници од странство.

„Трејдувањето“ се состои од две рунди во кои клубовите се одлучуваат за понудените играчи по однапред утврден редослед за бирање.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он