(ВИДЕО) Морничави сцени од Еквадор: На улиците лежат мртви луѓе, болниците и гробиштата преполни

Од:

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, со малу луѓе на видик, но полни со тела на мртви луѓе, кои починале од коронавирус.

Пандемијата од коронавирусот ги преоптоварила јавните служби, болниците немаат кревети да ги прифатат пациентите, а мртовечниците, погребалната служба и гробиштата се пребукирани. Жителите велат дека немаат друг избор, освен членовите на своите фамилии, кои починале, да ги остават на улиците.

Нејасно е колку луѓе во Еквадор починале од Ковид-19, пишуваат странските медиуми.

Многу семејства кажуваат дека нивните најблиски имале симптоми на вирус, додека другите само знаат дека болните не можеле да се лечат во преполната болница во Гвајакил.

– Чекавме пет дена, рече Фернандо Еспана во видеото кое го објави Ројтерс на 30-ти март.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници