Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.079.978 лицa заразени со новиот коронавирус.

Од нив починати се 58.110, а оздравеле 227.668 луѓе.

Брзото укинување на ограничувањата наметнати од страна на земјите за борба против на коронавирусот може да доведе до засилување на пандемијата и да предизвика сериозни економски загуби.

На предлог на Советот на министри и врз основа на Уставот, Националното собрание на Бугарија ја продолжи вонредната состојба до 13 мај, a бројот на починати од новиот коронавирус во Турција денеска се зголеми за 69 на 425.

Потврдените случаи на инфекција се зголемиле за 2.786 на 20.921 година.

Пандемијата на коронавирусот уби над 40.000 луѓе во Европа, а повеќе од три четвртини од жртвите се во Италија, Шпанија и Франција.

Во Мексико запре производството на пивото Корона, поради вонредната состојба во земјата.

Во Ирска, во последните 24 часа починаа 22 лица, а повеќе од 400 се заразени.

Вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата се зголеми на 4.273, а починати се вкупно 120.

Германија и донираше 50 вентилатори на Шпанија за да и помогнат во борбата против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски