Префектот на полицијата на Париз Дидие Лалеман предизвика полемика по неговите изјави за пациентите кои се на интензивна нега

Од:

Шефот на полицијата на Париз оцени дека лицата кои се хоспитализирани на интензивна нега биле оние кои „не ги почитувале мерките на ограничување“, што предизвика жестока реакција на докторите и политичарите. Под притисок на јавноста, тој се извини со соопштение за печатот, јави дописникот на МИА.

Шефот на париската полиција беше присутен на Порт д’Орлеанс, во Париз, каде ја следеше полициската операција чија цел беше да ги спречи заминувањата на пролетните одмори. Ова, откако извршната власт се изјасни со упатство дека не е дозволено поаѓање на одмор заради мерките кои се на сила. Префекетот, особено, најави спроведување на засилени контроли целиот викенд на излезите од регионот во Париз, пред да даде свое мислење за пациентите кои се на интензивна нега.

-Не треба да бидете казнети за да разберете, дека оние што се хоспитализирани денес, кои се наоѓаат во одделите за интензивна нега, се оние кои на почетокот на мерките за ограничување на движењето, не го почитуваа тоа. Има многу едноставна корелација, оцени Дидие Лалеман за БФМТВ.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, телефонски го натерал префектот да се извини, пренесува „Ле Монд“.

Во соопштението за печатот на префектурата на Париз, Дидие Лалеман „жали“ за неговите забелешки. „Неговата намера не беше да воспостави директна врска помеѓу непочитување на здравствените упатства и присуството на пациенти на интензивна нега“, заклучува префектурата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм