Швајцарецот Фабијан Канчелара третпат во својата кариера победи на велосипедската трка Париз-Рубе, јавува дописникот на МИА од Париз.
Швајцарскиот велосипедист од екипата Радио Шак, претходно победи во 2006 и 2010 година. Втор на целта пристигна белгиецот Сеп Ванмарк.
Париз-Рубе важи за „кралица на класичните“ велосипедски трки, која уште се нарекува пеколна трка поради пеколните големи коцки по кои возат од Париз до Рубе.
Денес се останати само дел од коцките на патот кои ја поврзуваа француската престолнина со Рубе, но тие се заштитени како национален споменик.